
2024-07-25
Патот на хуманоста и солидарноста
Традицијата за дарување крв во пресрет на 26 Јули, вработените во УНДП ја продолжија и оваа година. Во текот на денешниот ден, го посетија Центарот за дарувaње крв на Црвен крст на град Скопје каде ја покажаа својата хуманост.
Поддршка на акцијата даде г-дин Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија кој воедно оствари средба со генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити на која се продискутира за важноста на крводарувањето и поддршката од УНДП, која е особено значајна.
Благодарност до сите кои денес даруваа крв и со својот личен пример го истакнаа значењето на овој хуман чин кој значи спасен живот.